1 ГОДИНА УСПЕШНА И НАПОРНА РАБОТА МУ ЈА ДОНЕСЕ НА ПАРК ХОТЕЛ И СПА НАГРАДАТА БРЕНД ЛИДЕР ЗА 2017 ГОДИНА


Пред само една година, во септември 2016 беше отворен Парк Хотел и Спа, ултра модерен хотел со 5 звезди кој на своите гости нуди посебно и уникатно искуство за време на нивниот престој.

Сопствениците ја преставија својата визија за оваа инвестиција за време на церемонијата на отварањето за која тие веруваат дека ќе донесе нови стандарди во хотелскиот менаџмент и бизнисот во Македонија и на Балканот, како што и навистина се случи. Парк Хотел и Спа е овогодишен добитник на наградата Бренд Лидер на СЕЕТ (South East Europe Tourism) за 2017 година која се додели во Белград. Наградата се темели на сет критериуми како што се иновативност, висок степен на препознатливост, позиционирање и автентичност. Оваа награда се доделува веќе 13 години со цел афирмирање на компании и институции кои даваат свој придонес за подигнувањето на стандардите во регионот на Југо-Источна Европа, која за тимот на Парк Хотел и Спа претставува уште едно признание за годината што измина исполнета со напорна работа.

Видете следно

Новиот дом на Вип – повеќе од само обичен деловен простор

Телекомуникацискката компанија Вип и официјално ги отвори вратите од новата управна зграда.  Лоцирана во центарот …