Ако сте млад човек со визија за свој бизнис: Нов оглас за неповратни грантови до 10.000 евра


Агенцијата за вработување ви нуди можност да добиете неповратна финансиска помош дури и до 10.000 евра за да основатe сопствен бизнис.

За оваа мерка може да аплицираат сите млади невработени лица на возраст до 29 години кои имаат желба да основаат свој бизнис.

Сите заинтересирани лица за учество во Програмата можат да аплицираат до крајот на оваа година, а за подетални информации во врска со мерката можете да се обратите во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата на Република Македонија, контакт центарот 02-3298-297 и веб страните www.avrm.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk

Видете следно

Beko во борба против дебелината кај децата во Македонија

Навиките во исхраната се стекнуваат уште од најмала возраст и директно влијаат на психо-физичкото здравје …