17/10/2017
amazonprodavnica

Amazon го купува најголемиот онлајн трговец на Блискиот Исток

Amazon објави дека го купува најголемиот онлајн трговец на Блискиот Исток – со седиште во Дубаи, Souq.com. Цената на договорот сепак не се открива.

Двете компании преговараат веќе некое време, но до стекнувањето се стигна по познат пресврт. Малку порано дубајската компанија Emaar Malls, сопственик на трговските објекти во регионот, предложи купување на Souq за сума од 800 милиони долари – повисока понуда од онаа на Amazon, за која се знае дека била 650 милиони долари, соопшти Ројтерс. Конечната цена на трансакцијата сепак останува непозната.

“Amazon и Souq.com ја делат истата ДНК – ние сме водени од клиентите, иновации и долгорочното планирање”, изјави Рас Грандинети, постар заменик претседател на Amazon.

Се очекува до 2018та година електронската трговија во регионот да достигне обем од 10 милијарди долари, коментираат локалните медиуми.

Онлајн трговијата во регионот допрва ќе се развива уште подинамично со претстојното влегување на уште еден сериозен играч – Noon.com.

Видете следно

Р14-фото 1

Рептил го проширува својот ланец маркети

Рептил маркети е компанија со традиција од 21 година, компанија која е синоним за најдобра …