24/09/2017
Градинка 'Кочо Рацин' (1)

Антикорупциска пресече –  ќе има нови вработувања за јаслите во “Кочо Рацин“

Конечно ќе може да се реализира она што родителите со нетрпение го очекуваа. Ќе се отворат две групи јасли за згрижување на најмладите во градинката “Кочо Рацин“, соопштуваат од општина Центар.

Надмината е последната пречка и добиена е согласност од Државната комисија за спречување на корупцијата, која потврди дека не постои законска пречка детската градинка да ја реализира постапката за вработување на девет лица на работните места – 7 негователи, 1 помошник готвач и 1 воспитувач.

Комисијата оценила дека се работи за вработување за итни и неодложни работи. Дека состојбата е итна и алармантна, говореа дваесеттината барања и интервенции на директорката на градинката и градоначалникот на општина Центар до Министерството за труд и социјална политика. Претходната власт за ова немаше разбирање, па затоа согласноста е добиена пред 2 месеци.

Педесетина деца до двегодишна возраст чекаа  да бидат сместени во групите јасли, иако градинката располага со празни занимални токму за оваа намена од најсовремен вид. Јаслите, како и целата градинка, се комплетно и модерно опремени, со подно греење, со кујна по европски стандарди, со посебен влез и лифт.

Претходната владеачка гарнитура не дозволуваше вработувања како замена на лицата кои веќе биле пензионирани. Со промената на власта, се очекува и откочување на други процеси и проекти кои беа блокирани од политички причини, соопштуваат од општина Центар.

Видете следно

esport 1

Познати македонските претставници на светското еспорт првенство во Кореа

Две екипи ќе ја претставуваат Македонија на светското првенство во еспорт, кое годинава, во ноември, …