Audi Q5

Audi Q5 е добитник на наградата „Златен Волан“ за 2017 година

Audi Q5 е добитник на наградата „Златен Волан“ за 2017 година во категоријата за голем SUV. Пред изборот, читателите на германското списание Auto Bild, неговите 20 европски сестрински публикации и германскиот весник Bild am Sonntag ги утврдија номинациите од новите автомобили презентирани во 2017 година. Меѓународен панел на експерти го круниса победникот од овие номинации. Питер Мертенс, член на Одборот за технички развој на AUDI AG, ја прифати наградата за Audi Q5 во вторникот вечер во Берлин. 

Вкупно 42 модели се натпреваруваа во пет категории на овогодинешниот натпревар за наградата „Златен Волан”. По истражувањето на читателите во Европа, 20 автомобили го направија последниот круг и беа оценети од страна на експертите: тркачи, инженери, дизајнери, специјалисти, чести возачи, критичари и, најважно, главни уредници на сите европски сестри публикации на Auto Bild. Тие ги тестираа финалистите и одлучија кој ќе победи и ќе го освои посакуваниот трофеј.

Видете следно

28161907_1550041601780765_363341285821953775_o

Општина Карпош ќе започне да го спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing

Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе започне да се спроведува …