Breaking News

Toni Ivanoski

Специјализантите започнаа штрајк: Беа слушнати само во времето на Филипче

Специјализантите подолго време преку јавни настапи, протести и генерален штрајк, што го започнаа денеска, бараат да бидат исполнети нивните барања за регулирање на работниот статус, покачување на месечниот надоместок и здравствено осигурување за сите специјализанти. Како што најавија, штрајкот ќе трае се додека не добијат писмени гаранции дека ќе им …

Повеќе »

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

Комерцијална банка, како општествено одговорна компанија, воведе тактилни платежни картички, кои ќе им помогнат, пред сѐ, на слепите лица и на лицата со оштетен вид полесно да ги идентификуваат и да ги разликуваат нивните платежни картички. Тактилните платежни картички, кои се разликуваат од постоечките по својот облик, денеска беа промовирани …

Повеќе »

Поточиња викендов седум пати ја наполнија Филхармонија

Новото издание на детскиот фестивал Поточиња кое се одржа викендов во Македонска Филхармонија привлече огромен интерес и дури седум фестивалски претстави беа потребни за да ги собере сите заинтересирани деца да ги чујат новите детски песни изведени на фестивалот. Публиката не само од Скопје, туку и од цела Македонија ја …

Повеќе »

ЕК и Бугарија ќе спроведуваат заедничка кампања за премин од левот на евро

Европската комисија и Бугарија потпишаа Договор за партнерство за организација на информативни и комуникациски кампањи за премин на земјата од бугарскиот лев на еврото, како дел од подготвителните чекори за влез на Софија во Еврозоната. Договорот го потпишаа извршниот потпретседател на Европската комисија за економија во интерес на луѓето Валдис …

Повеќе »

Афера „Пипергејт“: Во пресрет на евроизборите Фон дер Лајен се соочува со обвиненија за кронизам

Една од главните теми во кулоарите на институциите на ЕУ изминативе недели е именување на германскиот европратеник Маркус Пипер за европски претставник за мали и средни претпријатија. Пипер е малку познат во пошироката јавност, но важи за многу влијателен во редовите на неговата Христијанско демократска унија (ЦДУ). Духовите се разбрануваа …

Повеќе »

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Војната на Русија против Украина претставува егзистенцијална закана за целата Европска унија и ја принуди Унијата да ја стави одбраната во центарот на сопствената безбедносна политика, нагласи високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел. „Во време кога американското учество во Европа станува се помалку сигурно, таа војна претставува егзистенцијална закана за …

Повеќе »

Пролетна сесија на ПССЕ, ќе се разгледува и барањето на Косово за прием

Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска почнува пролетната сесија, што ќе трае до 19 април, на која пратениците во Стразбур ќе го разгледаат барањето на Косово за прием во таа организација. Од српската делегација наведуваат дека ќе се спротивстават со аргументите што ќе упатуваат на безбедносната состојба …

Повеќе »

Почнува 19. Саем за вработување и кариера – Job Fair 2024

Под мотото „Првиот чекор кон твојата кариера“, Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ) – Скопје од денеска до 19 април го организира 19. Саем за вработување и кариера – Job Fair 2024. Како што наведува БЕСТ, Job Fair е настан кои ги поврзува студентите и компаниите на едно место. …

Повеќе »

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

По повод 15 април, Светскиот ден на уметноста, Асоцијацијата за култура Икон и Младинскиот културен центар – Скопје ја организираат изложбата „Денис Боувен“ која ќе биде отворена вечер, во изложбениот салон на МКЦ и ќе трае до 25 април 2024 година. Ќе бидат претставени дела од сериите кои Боувен ги …

Повеќе »

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен побара од полициските префектури да ја зголемат безбедноста пред синагогите, како и пред верските училишта, еден ден по нападот на Иран врз Израел и пред еврејскиот празник Пасха. Дарманен побара од полицијата да има видливо присуство пред „најчувствителните“ места за богослужба и згради. …

Повеќе »