17/01/2018
avstralija

Австралија ќе ги укине работните визи за странци

Австралија планира да ги укине работните визи за странци и да ги замени со привремени, кои обврзуваат подобро познавање на англискиот јазик и високи работни квалификации, најави австралискиот премиер Малколм Турнбул.

– Нашите реформи ќе имаат едноставен фокус: австралиската работа и австралиските вредности, напиша Турнбул на својот Фејсбук профил. Со тоа промените на „визната програма 457“ ќе привлечат само квалификувани работници.

– Ние сме земја на имигранти, но австралиските работници мора да имаат приоритет за работите во земјата, нагласи Турнбул.

Визната програма 457 има за цел да го пополни недостатокот на Австралија од квалификувана работна сила, а странските работници можат да ги донесат и своите семејства.

Видете следно

Sredba Silegov Bandik (4)

Шилегов оствари работна средба со градоначалникот на Загреб: Загрепски сообраќајни експерти наскоро во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, деновиве е во официјална посета на Загреб, Република Хрватска, каде …