13/12/2017
ivona

Блокирана сметката на Ивона Талевска

Трансакциската сметка на главната уредничка на весникот „Вечер“, Ивона Талевска е блокирана, објавува Фокус кој се повикува на адвокат кој се обидел да наплати долг од нејзината сметка. Адвокатот требало да наплати, како што објавува Фокус, околу 1.500 евра за адвокатски трошоци и судски такси, откако Талевска изгубила два судски спора за клевета и навреда, пишува 24вести.

Спорот се однесувал на новинарски текстови, каде што талевска тужела новинари но, бидејќи судот не пресудил во нејзина корист, сега требало да ги подмири трошоците.

Ивона Талевска е предмет на истрага на Специјаното јавно обвинителство кое во случајот „Тифани“ ја истражува работата на фирмите „Смарт центар“ и „Смарт груп“ во кои таа порано била директорка. Фирмите се сомничат дека затаиле данок во вредност од околу 37.000 евра, додека самата управителка над 16.000 евра.

Видете следно

denari

Сирењето и урдата поскапи за 2.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот и индексот на …