13/12/2017
Graganski budzetski forum (1)

Богдановиќ: Наместо за скулптури и барок, парите за “Скопје 2014“ да ги намениме за училишта и градинки

Развоен и домаќински буџет, според потребите на современото живеење, но и според желбите и интересите на жителите на општина Центар. Вака ќе се планира и носи буџетот на општина Центар за 2018-та година. Токму затоа беше организирана првата сесија на буџетскиот форум од страна на Центарот на заедницата на општина Центар и општина Центар. Концептот “Општина по мерка на граѓаните“ ќе биде почитуван и при кроењето на тежината и трошењето на општинската каса.

“Отвореноста е суштина на квалитетна и транспарентна општина. ДУП-овите кои ќе ги носиме ќе гарантираат квалитетни услови за живеење, а на максимално ниво ќе биде подигната безбедноста. Граѓаните се добредојдени со своите предлози и ќе можат да одлучуваат за се што се случува во локалната самоуправа. Ние, советниците јавно ќе ги објавиме нашите mail адреси за да можат граѓаните директно да комуницираат со нас“, рече претседателот на Советот на општина Центар, Јана Белчева Андрееска.

Раководителот на Секторот за финансии, Мира Чановиќ-Петровска, направи презентација за извршувањето на буџетот за 2017-та година, а градоначалникот Саша Богдановиќ говореше за развојните планови, програми и политики на општината за наредната година.

Богдановиќ, пред бројните присутни граѓани и претставници на НВО секторот, потсети на пречките кои општината ги имаше со централната власт, а особено со барокното лудило кое се реализираше во Центар и со демолирањето на општината. Во наредниот период, преку новодонесените ДУП-ови некои работи ќе се вратат во нормала и како што вети, ќе се гради според потребите на граѓаните.

Видете следно

denari

Сирењето и урдата поскапи за 2.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот и индексот на …