Бројот на туристите е зголемен за 12.1%, а бројот на ноќевањата за 6.4%


Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2017 година изнесува 77 779, а бројот на ноќевањата изнесува 165 748.

Бројот на туристите во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е зголемен за 12.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6.4%.

Бројот на домашните туристи во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е намален за 5.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 21.1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, е намален за 5.9%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 15.4%.

Во периодот јануари-октомври 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16.3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.0%, а кај странските има зголемување за 23.4%.

Во периодот јануари-октомври 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.0%,и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.8%, а кај странските има зголемување за 22.0%.

Видете следно

РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“

Безбедноста во сообраќајот на патиштата претставува сериозен предизвик, односно сериозен проблем во сите современи општества. …