13/12/2017
turizam

Бројот на туристите зголемен за 20.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2017 година изнесува 188 758, а бројот на ноќевањата изнесува 766 844.

Бројот на туристите во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 20.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.4%.

Бројот на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 3.4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 46.5%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 1.6%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 41.9%.

Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.8%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 22.7%.

Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.4%, а кај странските има зголемување за 22.6%.

Видете следно

germanijaizvoz

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2017 година бележи пораст од 16.0 %

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од …