Breaking News

ЕКОНОМИЈА

Лагард: Каматите во Еврозоната веројатно ќе почнат да се намалуваат

– Каматните стапки во Еврозоната ја достигнаа својата највисока точка и најверојатно нема да продолжат да растат, туку ќе почнат да се намалуваат, но не можам да дадам датум, изјави претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард во интервју за француската телевизија Франс 2.  – Не можам да ви дадам …

Повеќе »

Рекордна трговска размена меѓу Кина и Русија во 2023 година

Трговската размена меѓу Кина и Русија достигна рекордно високо ниво во 2023 година, додека трговијата со САД падна по првпат од 2019 година, покажуваат податоците на кинеската царина. Кина и Русија разменија стоки и услуги во вредност од 240,1 милијарди долари минатата година, што е зголемување од 26,3 отсто во …

Повеќе »

Историската одлука на Вол Стрит доведе до пораст на цената: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин

Американската Комисија за хартии од вредност по првпат одобри фондови со кои се тргува на берза, а кои директно инвестираат во биткоин. Овој потег, кој беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства, ќе го прошири пристапот до најголемата криптовалута на Вол Стрит и пошироко. Тоа доведе до …

Повеќе »

Девизните резерви во декември зголемени за 574,8 милиони евра

Девизните резерви на крајот на декември 2023 годинава 4. 538,4 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 574,8 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (52%), по што следуваат валутите и депозитите (38,8%) и монетарното злато (9,1%). …

Повеќе »

Зголемен бројот на должници кои не платиле данок, вкупниот нето долг 164 милиони евра

Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници кои не ги подмириле даночните обврски. Според објавените податоци, зголемен е бројот на должници и кај правните и кај физичките лица. Вкупниот број на должници е 5. 573 од кои 1. 857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај …

Повеќе »

SEED – Системот кој ги револуционизира трговските процеси на пазарот на ЦЕФТА

Првично, овој систем беше фокусиран на размена на царински информации помеѓу царинските управи на страните потписнички на договорот ЦЕФТА (Централноевропски договор за слободна трговија). Меѓутоа, со текот на времето, неговата функционалност и значење значително се проширија за поддршка на различни видови пратки и процеси. . Извор: МИА

Повеќе »

Светска банка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 проценти, а во 2025 од 2,9

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи. Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), …

Повеќе »

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

– Во првите 11 месеци од минатата година од земјава се извезени стоки во вкупна вредност од 471,881 милијарди денари или 7,664 милијарди евра, односно 8,278 милијарди американски долари што е пораст од 0,1 отсто во однос на истиот период од претходната година. Во истиот период во земјава се увезени …

Повеќе »

Трошоците на живот лани зголемени за 9,4 проценти

Трошоците на живот лани во однос на 2022 година биле зголемени за 9,4 проценти, а цените на мало за 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Во декември, трошоците на живот се зголемени за 0,2 проценти во споредба со ноември, а цените на мало за еден процент.  Пораст на …

Повеќе »

ЕК одобри заедничка инвестиција на „Волво“ и „Рено“ за производство на комерцијални електромобили 

Европската комисија ја одобри заедничката инвестиција на шведски „Волво“ и француски „Рено“ за создавање компанија за развој, производство и продажба на лесни електрични комерцијални возила и за обезбедување на логистички услуги.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, одлуката е донесена во рамки на Регулативата за спојување на ЕУ, …

Повеќе »