Breaking News

ЕКОНОМИЈА

Почна полнењето со вода на земјоделските површини и сеидбата на оризот во Кочанско

– Земјоделците од кочанското село Оризари годинава официјално први ја почнаа сеидбата на оризот, а вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани веќе ги полнат земјоделските површини со зафаќање на проточните води од Оризарска Река. Со планот за наводнување за оваа година предвидено е да бидат опфатени над 4. 200 …

Повеќе »

Царинска управа: Приходите во Буџетот наплатени од Царината зголемени за седум проценти

Приходите наплатени од Царинската управа (ЦУ) во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарди денари или седум проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска ЦУ. Според директорот на Царинската управа Стефан Богоев, резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината. Растот на царинските …

Повеќе »

Николовски: Исплатени субвенции за тутун во вредност од околу 1,5 милијарда денари

На сметките на околу 14. 300 тутунопрозводители денеска се исплатени субвенциите за реколтата од 2023 година во вредност од близу 1,5 милијарда денари, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Министерот Николовски појасни дека се исплатени субвенциите за договорен и предаден ориентиран ароматичен тутун и според него, …

Повеќе »

„Ван Хол“ доби нови сопственици 

Белгискиот производител на автобуси „Ван Хол“, кој се соочи со банкрот, ќе биде преземен од холандската ВДЛ и германскиот „Шмиц Каргобул“, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што јави белгиската државна фламанска телевизија ВРТ, ваквата одлука е донесена на синоќешниот состанок на стечајните управници на „Ван Хол“, на кој …

Повеќе »

Николовски: Од извоз на оризот остваривме девизен прилив од 7 милиони евра, земјоделците ќе добијат целосен надомест за „зелена нафта“

– Извозот на македонски ориз станува важна ставка во остварувањето девизен прилив и од пласманот на минатогодишната реколта на пазарите во странство е остварена досега рекордна сума, нагласи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски при денешната посета на оризовите полиња во општина Чешиново-Облешево. – Со новиот модел за …

Повеќе »

Битиќи: Железницата ќе ја направиме европска и модерна,  железничарите да не стравуваат за работните места  

Заедно ќе ја трансформираме Железницата и ќе ја направиме европска и модерна. Со либерализацијата отворивме ново поглавје во железницата и создадовме нови можности, но нема потреба од загриженост за вашите работни места, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на свеченоста што се одржа денеска по повод 151 година од …

Повеќе »

Македонски железници одбележуваат 151 година од основањето

Железници на Република Северна Македонија денеска одбележуваат 151 година од основањето, односно кога на 9 април 1873 е пуштена македонската делница на трансбалканската линија Виена – Солун.  На настанот, што ќе се одржи денеска во Кино салата кај Железничко – патничката станица во Скопје, како што е најавено ќе се …

Повеќе »

МФ: Приходите во Буџетот во првиот квартал повисоки од лани и во рамки на планираното

 Министерството за финансии соопшти дека во првиот квартал од годинава се реализирани приходи во износ од 69,4 милијарди денари што е за 4,8 проценти повеќе во споредба со тој период лани и 22,4 проценти од планираното со Буџетот за годинава. Расходите се реализирани на ниво од 83,9 милијарди денари  што …

Повеќе »

Таравари на средба во СКСЗМ, бизнисот му порача дека од партиите бара решавање на проблемите

Минималната плата да се зголеми на 30 000 денари, а Владата да ги намали придонесите на 32 отсто. Да се решат и проблемите со миграцијата, одливот на работна сила, сивата економија, корупцијата, како и со владеењето на правото. Ова се барањата на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) кои денеска …

Повеќе »

Деспотовски: За седум години близу 65 проценти раст на платите – двојно повеќе отколку претходните десет

Поголеми плати за нашите сограѓани е еден од клучните елементи на економската политика и на ТИРЗ и на Владата, а бројките и резултатите покажуваат дека со вистинска економска политика тоа е остварливо, што го потврдуваат и меѓународни финансиски институции посочи Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во Топ тема, на Телма …

Повеќе »