Breaking News

ЕКОНОМИЈА

Бочварски: Се чека документацијата за ставање во употреба на техничкиот дел од гасоводот

Министерството за транспорт и врски ја чека комплетната документација за ставање во употреба на техничкиот дел од гасоводот, истакна денеска од Штип, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој присуствуваше на минирање за градежен материјал кој е потребен за изградба на брана на река Отиња. Тој на новинарското прашање …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска: Подобриот пристап до финансии е важен за инклузивен раст за Западен Балкан

На покана на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, заедно со гувернерката на централната банка на Босна и Херцеговина, Јасмина Селимовиќ и регионалната директорка на ЕФСЕ, Мјера Јузбашиќ- Бајгориќ се обрати на конференцијата „Родови финансии во Западен Балкан“. Градењето еднакви можности во однос на родовата димензија, каде …

Повеќе »

„Маркарт”: Не мора да си одите од државата за да работите по германски стандарди

Германската инвестиција „Маркарт” успешно ја гради својата приказна една деценија во Велес. Произведува ултра модерни компоненти за врвни брендови на автомобили со највисока технологија, а најголемиот дел од процесите се роботизирани. Фабриката и административна зграда се направени по светски стандарди. Како што истакна денеска менаџментот на средба со новинарите, иновациите …

Повеќе »

Народната банка одржа работилница: Постојано зајакнување на информациската безбедност на финансискиот систем за справување со киберзаканите

Според одредени анализи, годинава кибернападите ќе ја чинат глобалната економија 9,5 трилиони американски долари, а во наредните две години загубата би се зголемувала со стапка на раст од околу 15%. Ова укажува на потребата од зголемен интерес за киберотпорноста, преку соработка и развивање глобални стандарди за киберотпорност на финансискиот сектор, …

Повеќе »

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Научниот труд „Испитување на динамичкиот пренесен ефект на светските цени врз македонските цени на храната“ од Даница Уневска Андонова и Магдалена Петровска беше презентиран на 50. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка.  Сесијата, како што соопшти прес-службата на Народната банка, ја отворила директорката на Секторот за монетарна политика, …

Повеќе »

Џевахир Мол Скопје вечерва ги отвора вратите за посетители

– Под мотото „Аеродром пулсира“ вечерва  со забава во живо ќе биде отворен трговскиот центар Џевахир Мол Скопје кој најавува воведување на разновидни нови брендови и културни содржини, збогатувајќи го шопинг искуството и социјалната интеракција на посетителите.  Со цел да се задоволат секојдневните потреби на потрошувачите, менаџментот воведува популарни турски …

Повеќе »

НБ: Во вториот квартал годинава стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5 проценти

Народната банка, врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, донесе одлука за задржување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во државава во висина од 1,5 проценти, којашто ќе се применува и во вториот квартал од 2025 година.  Одлуката е донесена вчера на …

Повеќе »

ДУИ нуди „рамковен договор“ за економијата, бизнисот бара владеење на правото, одговорност, гасификација и директна поддршка на извозот

ДУИ нуди сеопфатна економска програма која по изборите ќе биде вид Рамковен договор меѓу сите политички партии, а бизнисот бара да бидат земенеи предвид основните приоритети: борба против корупцијата и криминалот, одговорност, рационално трошење на буџетските средства, завршување на процесот на гасификација, директна поддршка на извозните активности, транспарентност во трошењата …

Повеќе »

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Собранието на денешната седница, со 64 гласа „за“ го донесе новиот Закон за вино, кој целосно е усогласен со одредбите на европската легислатива во делот на воведувањето нови производи од вино, како органско вино и ароматизирани вински производи, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Со ова, напоменува МЗШВ, …

Повеќе »

Николовски: Одлично напредува изградбата на системот за наводнување Колибари во Кичево

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Кичево изврши увид во градежните активности од изградбата на системот за наводнување Колибари- Црвивци. Изградбата на системот за наводнување Колибари- Црвивци започна во месец мај минатата 2023 година. Преку овој систем се опфаќа наводнување до нови 160 хектари обработливо земјоделско …

Повеќе »