Breaking News

ЕКОНОМИЈА

Гувернерката на Народна банка на првата регионална конференција во Скопје за техничка анализа на финансиските пари

На 18.09.2023 година во Скопје ќе се одржи првата регионална Конференција за техничка анализа на финансиските пазари, организирана од Здружението на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа – СЕЕМТ. Настанот ќе се одржи во М6 едукативниот центар, а ќе биде поддржан од страна на Меѓународната федерација на технички аналитичари …

Повеќе »

Потврдена јулската инфлациска стапка во Еврозоната од 5,3 отсто, на ниво на ЕУ инфалцијата 6,1 проценти 

Статистичката служба на ЕУ – Евростат ја потврди претходно објавената стапка на инфлација во земјите од Еврозоната за јули од 5,3 отсто, дополнително објавувајќи дека на ниво на цела ЕУ претходниот месец таа изнесувала 6,1 проценти. На 31 јули Евростат заедно со податоците за растот на БДП за вториот квратал …

Повеќе »

АСО: Осигуреници за еден месец наплатија еден милион евра од приватно здравствено осигурување

Во јули годинава во структурата на исплатени штети за покривање доброволно осигурување доминираат исплатите за осигурани медицински трошоци. По нив следуваат штетите за каско осигурување моторни возила за кои осигурителните компаниии во јули исплатиле 985. 500 евра. . Извор: МИА

Повеќе »

Во вторник почнува самит на БРИКС

Лидерите на економиите во развој на БРИКС, кои сочинуваат околу една четвртина од светското богатство, се состануваат во вторник во Јоханесбург со цел да го прошират влијанието на блокот и да извршат притисок за промена во глобалната геополитика. Јужноафриканскиот Сирил Рамафоса се очекува да биде домаќин на кинескиот претседател Си …

Повеќе »

Холандската економија влезе во рецесија

Холандската економија влезе во рецесија откако падна за 0,3 отсто во вториот квартал во однос на претходниот период, според првата проценка која денеска ја објави холандската агенција за статистика. Петтата по големина економија во еврозоната забележа пад втор квартал по ред, откако падна за 0,4 отсто во првите три месеци …

Повеќе »

Бесими нов член на Коалицијата на министри за финансии за климатска акција

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска е избран за полноправен член на глобалната Коалиција на министри за финансии за климатска акција. Коалицијата претставува глобална иницијатива, во која членуваат министри за финансии на 90 држави и претставници од 26 институционални партнери. Коалицијата е основана во април 2019 година, со цел да …

Повеќе »

Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи

Во второто тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 3 254 746 илјади денари и во однос на истиот период лани се намалени за 3,4 отсто. Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 2,1 процент, а …

Повеќе »

„Еуроникел индустри”: Незаконски приклучоци ни прават штета и претставуваат закана за производството

Несовесни луѓе со незаконски приклучоци на технолошката вода ни предизвикуваат штета и се закануваат на производствениот процес, алармираа денеска од кавадаречката компанија ,,Еуроникел индустри”.  – Се известуваат сите граѓани на Општина Кавадарци и околните мештани дека фабриката „Еуроникел индустри” ДОО село Возарци Кавадарци, во летниот период се соочува со потешкотии …

Повеќе »

Кoмбинација на најдобрите практики од Северна Македонија и Холандија за подобро млекопроизводство

Тројца фармери – студенти од Холандија беа во тринеделна работна и едукативна посета на македонски фарми. Се вклучија во процесот на работа и во секојдневните активности: подготовка на храна, молзење, помош и работа во поле, наводнување на пченките за производство на силажа, жетва и складирање на житните култури. Со своите …

Повеќе »

Продажните цени на производителите на индустриски производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво

Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски на месечно ниво за 0,2 отсто, а на годишно ниво се повисоки за 0,6 процента. Во однос на странските пазари, пак, продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво се пониски за 0,2 отсто, а …

Повеќе »