ВЕСТИ

Началниците на ГШ на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба ја потврдија заложбата за натамошно зајакнување на воената соработка

Со потпишување на заедничката изјава со која се потврдува цврстата заложба за натамошно зајакнување на меѓусебните односи, како и проширување и продлабочување во различни области на воената соработка, со цел зајакнување регионалната безбедност, заврши дваесет и шестата конференција на началниците на генералштабови на армиите на САД-Јадранската повелба (А5), соопшти МО. …

Повеќе »

Министерот за правда ќе ги образложи деталите за Законот за амнестија на брифинг со медиуми

– Министерот за правда, Кренар Лога, денеска ќе одржи брифинг со медиуми за сите актуелни теми, а потоа ќе даде и изјава за Предлог законот за амнестија со кој се предвидува растеретување на затворскиот систем. Владата неодамна даде зелено светло за ова законско решение, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави блокада. Најавената …

Повеќе »

Џафери во Даблин на Европската конференција на претседатели на Парламенти на Советот на Европа

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска и утре ќе учествува на Европската конференција на претседатели на Парламенти на Советот на Европа, која што ќе се одржи во Даблин, Република Ирска. Во состав на делегацијата се и пратеникот Никола Мицевски и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова. …

Повеќе »

Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија

Во Скопје денеска ќе се одржи 20. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ). Темата е „Отпорни конструкции”, а во фокусот ќе бидат стекнатото знаење изминатите шест децении, по скопскиот земјотрес, во областа на асеизмичкото проектирање, како и претстојните предизвици поврзани, пред се, со климатските промени. На …

Повеќе »

КСЗД на отворена средба во Шуто Оризари

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска во Шуто Оризари ќе одржи отворена средба со граѓаните, претставниците на граѓанскиот сектор и на локалните институции.  Како што информираат од КСЗД, средбата ќе се одржи во салата на Советот на Општина Шуто Оризари. На средбите кои се реализираат со поддршка …

Повеќе »

Доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023

– Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, вечерва од 19 часот во „Europe House“ ќе ја доделат наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023 за најдобра истражувачка сторија во Македонија. Како што информираат од ССНМ, на церемонијата ќе се обратат …

Повеќе »

Интерактивен настан со граѓани по повод Меѓународниот ден за пристап до информации од јавен карактер

Интерактивен настан со поширока група граѓани во најголемите трговски центри во Скопје (Ист Гејт и Сити Мол) организира денеска Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по повод Меѓународниот ден за универзален пристап до информации од јавен карактер. Преку настанот, наведува Агенцијата, би се …

Повеќе »

Собраниска седница посветена на пратенички прашања

– Собранието денеска треба да ја одржи 128-та  седница, на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот. Согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата. фф/аа/Фото: МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Завршен настан за проектот за поддршка на социјалните претпријатија

Завршен настан за проектот „Поддршка на социјалните претпријатија следејќи го принципот- Не оставај никој зад себе” организира денеска здружението на граѓани Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (ЦеПроСАРД). Проектот, финансиран од ЕУ и спроведуван од ЦеПроСАРД, се реализираше 22 месеца. Настанот има за цел да овозможи …

Повеќе »

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Во централното градско подрачје во Скопје денеска од 9:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим поради одржување синдикален протест. -Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул. „Мирче Ацев“–ССМ, ул. „Филип Втори Македонски“, десно по ул. „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул. „ВМРО“ и …

Повеќе »