Breaking News

ВЕСТИ

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година

Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“  кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ – 04, ќе се смета 26 април 2024 година. Како што појаснуваат …

Повеќе »

ДПИ: Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани

 Денот на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламентарните избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не …

Повеќе »

ДПИ: Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани

Денот на одржување на претседателските избори, 24 април 2024 година (среда) и на парламенатрнмите избори, 8 мај 2024 година (среда) се неработни денови за сите граѓани на Северна Македонија. Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не …

Повеќе »

Белгиската кралица Матилда се сретна со македонскиот тим кој освои бронза на Европскиот квиз на парите

Нашите претставници на Европскиот квиз на парите, учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, кои го освоија третото место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, остварија средба со Нејзиното Височество, кралицата Матилда од Белгија, информираат од Македонската банкарска асоцијација. Кралицата Матилда од Белгија која присуствувала …

Повеќе »

Поради чести одрони во Дебарско се препорачува многу внимателно возење

Поради чести одрони и влажни коловози на патните правци, кои се под надлежност на дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта, се препорачува многу внимателно возење. – Поради обилните дождови присутни на патните правци под наша надлежност има чести, но помали одрони од камен и …

Повеќе »

Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, додека нивото на Дојранското Езеро е исто со вчерашното. Сепак, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 2,14 метри понизок од повеќегодишниот просек …

Повеќе »

Националниот џез оркестар вечерва со концерт во  Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ вечер гостува во Велес, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот. “Од Националниот џез оркестар информираат дека на концертот „Џез Лектира“ се осврнуваат на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. …

Повеќе »

Повик за учество на средношколци од трета и четврта година на летен воен камп за млади во Црна Гора

Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за одбрана објави повик за учество на пет средношколци од Република Северна Македонија на летен воен камп за млади кој ќе се одржува од 24 јуни до 8 јули 2024 во Црна Гора заедно со средношколци од таа земја. Огласот е …

Повеќе »

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Вкупно 1. 547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион – Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во …

Повеќе »

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека …

Повеќе »