Чешката влада поднесе оставка


Владата на Република Чешка на чело со премиерот Андреј Бабиш поднесе оставка денеска, откако вчера не успеа да добие доверба од парламентот.

Андреј Бабиш побара од пратениците вчера да му го одземат парламентарниот имунитет, за да може да биде под истрага за измама поврзана со нелегално стекнатата субвенција од ЕУ во износ од 2 милиони евра, пред една деценија.

Премиерот во оставка негира дека го прекршил законот, но според обвинението тој сокрил дека е сопственик на фарма и конференциски центар.

Владата ќе ги извршува своите должности, додека новиот кабинет не биде назначен од страна на претседателот.


Видете следно

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка

Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка …