Chrysler повлекува 800 000 неисправни џипови


Американската автомобилска компанија “Крајслер” во вторникот го објави повлекувањето на речиси 800 илјади автомобили “Jeep” во светот поради дефект на системот за палење.

Станува збор за џиповите “Jeep Commander”, модел 2006-2007 година и “Jeep Grand Cherokee”, модел 2005-2007 година. Во соопштението на “Chrysler” се забележува дека кај овие возила при палењето, може клучот одеднаш да застане во место.

Покрај тоа, во случај на несреќа, овој дефект може да не го активира воздушното перниче. Околу 650 илјади автомобили кои се предмет на преземање, биле продадени во САД.


Видете следно

Државата ќе поддржува брзорастечки иновативни бизниси

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и …