13/12/2017
itd2

Одржан првиот DELL форум во Македонија

DELL EMC е глобален еднодневен форум кој компјутерскиот бренд DELL го организира низ целиот свет. Глобалната организација на овој форум опфати 70 земји, а оваа година за прв пат во нив е вкучена и Македонија. Првиот DELL EMC форум кај нас се случи вчера (03.10.2017г.) во Хотел Мериот Скопје во соработка со локални партнери и спонзори на DELL.

На форумот претставниците од DELL ги претставија најновите пронајдоци и иновации на компанијата,  нови платформи, клауд системи и технологии кои се доказ дека веќе живееме во ера на дигитална трансформација и виртуелна реалност. Форумот овозможи и поврзување на професионалците од сите бизнис сегменти со трендовите и динамиките на информатиката и пренесе сознанија за изнаоѓање на начини за следење на курсот на следните развојни трендови на ИКТ индустријата. 

ИТД Дистрибуција, која е увозник и дистрибутер на DELL за Македонија беше дел од овој форум. На корисниците и вљубениците во напредната технологија и компјутери ИТД Дистрибуција им овозможи пристап до најсовремените модели на компјутери, најава за нови конфигурации и иновации во компјутерскиот сегмент и можност за вмрежување на своите клиенти и партнери во функција на модернизирање на бизнисот и работењето.

ИТД Дистрибуција е компанија основана во 2007 година и во моментов е водечка компанија за дистрибуција на ИТ опрема на македонскиот пазар. ИТД Дистрибуција е овластен дистрибутер за Dell за пазарот во Македонија, Албанија и Косово.

Видете следно

“Auto Trophy 2017”: three first places for Audi

Три први места за Audi од “Авто трофеј 2017″

Читателите на AUTO ZEITUNG го избраа најдобриот светски автомобил: Оваа година, двата најпосакувани трофеи одат …