“Дипломираа” најмалите ИТ генијалци во Македониja


Со многу возбуда, среќа, насмеани и горди лица помина вчерашната завршна прослава за доделување на дипломите на првата генерација на единствената специјализирана ИТ академија за деца во Македонија, IThink.  42 дечиња добија признанија за големата посветеност и упорност со која ги реализираа сите предизвици од програмата на IThink.

Претставници на Seavus едукативниот и развоен центар, инаку основач на академијата велат дека вчерашниот настан е едно прекрасно заокружување  на една возбудлива година полна со успеси и незаборавни моменти реализирани благодарение на првата IThink генерација и нивните ментори.

Освен одличната реализација на програмата од академијата се особено горди на децата кои постигнаа и голем успех на изминатиот технички фестивал  Код фест. Тоа е доказ дека раното усовршување на децата во определена област е одлично за нивниот развој. На настанот посебно признание му беше доделено на актерот и голем пријател на IThink, Гораст Цветковски кој беше прогласен за бренд амбасадор на академијата.

DSC_1421

Од IThink најавуваат дека е подготвена и следна понапредна фаза од програмата која ќе може да ја посетуваат децата од првата генерација.  За големиот успех на IThink доказ се и рано исполнетите квоти за новата втора генерација на домашни ИТ генијалци.

Видете следно

Еве кои се добитниците кои ЛУКОИЛ Македонија ќе ги испрати на светското првенство во фудбал во Москва

На само неколку дена од почетокот на најголемиот и најважниот спортски настан кој ќе ја …