23/06/2017
dodge

Dodge го претстави најбрзиот сериски автомобил во светот (Видео)

Американската компанија Dodge го претстави новото модифицирано купе Challenger што го доби називот SRT Demon.

“Ѕверот” беше прикажан на публиката на автосалонот во Њујорк. Според зборовите на неговите творци, машината е најбрзиот сериски автомобил во светот.

Купето доби 6,2-литарски бензински V8. Погонскиот агрегат генерира 840 коњски сили. Тој работи во комбинација со осумстепена автоматска трансмисија. Со овој мотор возилото забрзува до 100 км / ч за 2,3 секунди. Овие индикатори инженерите ги постигнале благодарение на новите компресори и модифицираниот систем за вбризгување на горивото.

Во салонот заради намалување на тежината е монтирано само едно седиште. Независно од тоа, ако сопственикот посака, може да бидат монтирани и патнички седишта. Автомобилот е наменет за возење по јавни патишта.

Производството на автомобили ќе започне ова лето. Новиот модел ќе биде пуштен во ограничен тираж. 3000 примероци на Challenger Demon ќе бидат достапни за купување во САД, другите 300 автомобили ќе се продаваат во Канада. Цените на моделот ќе бидат објавени подоцна.

Автомобилот држи и доста интересен рекорд на Гинис – најдолго растојание од сериски автомобил со предни тркала во воздухот. Токму така – Demon забрзува толку брзо и нагло што успева да го покрене предниот дел од возилото.

Видете следно

irena

Пратеничката Ирена Стефоска на работа до Собранието доаѓа со велосипед (Фото)

Пратеничката од СДСМ, Ирена Стефоска на работа до Собранието доаѓа со велосипед. Стефоска е Доктор …