17/01/2018
02

Договорено интензивно граѓанско вклучување во решавањето на најгорливите еколошки проблеми

Претставници од граѓанската иницијатива „О2 коалиција за чист воздух” и други еколошки граѓански организации и активисти синоќа имаа повеќе часовна средба со Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули и советнички тим, на која детално се разговараше за сите 16 „жешки точки” кои ја загрозуваат животната средина во Република Македонија.

Со Премиерот Заев и заменик Министерот Макрадули се разговараше за мерките за решенија кои се преземаат и предлагаат како што се: гасификацијата, десулфуризацијата, субвенциите за фотоволтаици, енергетските фасади, планското пошумување, интензивното зголемување на зелените површини во урбаните средини, зголемувањето на буџетот за Инспекторатот за животна средина, пречистителните станици, мерните станици, решавањето на проблемот со депониите, заштитата на Охридското езеро и подрачје од неконтролиран развој на туризмот, изградбата на ветерници и друго.

Во делот на рудниците, заеднички е констатирано дека здравјето на граѓаните останува да биде врвен приоритет и дека во овој момент се работи на изнаоѓање правно-формални аргументи и механизми за решавање на проблемот со што ќе се заштити животната средина и во исто време ќе се обезбеди интересот на државата.

Тие се согласија дека буџетот нема да биде цел на краен договор, но во моментот кога ќе бидат дефинирани нови и соодветни квалитетни решенија, Владата ќе направи релокација на средства или ребаланс на Буџетот во интерес на заштита на животната средина, со цел да не постои финансиска пречка за реализација на квалитетни еколошки мерки.

Премиерот Заев посебно истакнал дека гласот на граѓаните допрел до институциите и дека граѓанскиот притисок мора да остане силен и да ја насочува Владата и сите надлежни институции кон изнаоѓање решанија за заканите по животната средина.

Видете следно

Sredba Silegov Bandik (4)

Шилегов оствари работна средба со градоначалникот на Загреб: Загрепски сообраќајни експерти наскоро во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, деновиве е во официјална посета на Загреб, Република Хрватска, каде …