Документарната програма BBC Earth на Vip TV: Вип ја објавува новата ТВ стратегија 


Следејќи ја својата посветеност за комплетен фокус кон своите корисници и нудејќи поволности во Комбо пакетите за конвергентни услуги со кои корисниците добиваат уште еден начин да ја збогатат ТВ содржината во нивниот дом истовремено заштедувајќи, Вип продолжува да ги нуди најпопуларните ТВ содржини и ја најавува новата ТВ стратегија.

Од 1ви јануари, сите пасионирани љубители на спортот добиваат можност да гледаат уште три Sport Klub канали, и тоа 4, 5 и 6 во SD формат како и Sport Klub 1, 2 и 3 во High quality формат. За љубителите на добриот филм, многу популарнитe канали Cinestar TV и Cinestar Action & Thriller стануваат дел од телевизиската шема на Vip TV вклучувајќи ги Cinestar Premier каналите 1 и 2.

Љубителите пак на документарните програми ќе ја добијат можноста наместо Discovery да ги гледаат документарните програми на Viasat и за прв пат на македонскиот пазар, документарната програма на BBC Earth.

Со Вип Комбо секој може да ја направи својата комбинација со мобилните линии кои ги користи, со еден од пакетите за фиксни услуги, во исто време заштедувајќи. Со Вип Комбо 4, корисниците добиваат до 150 ТВ канали и интернет со брзина до 100 Mbps како и фиксна линија со неограничени разговори кон сите фиксни мрежи.

Видете следно

НЛБ Банка воведе најсовремен начин на плаќање: NLB Pay – мобилен паричник

На настанот одржан на 19.09.2018 година, НЛБ Банка ја промовираше новата услуга, NLB Pay мобилен …