13/12/2017
svetska ekonomija

Државите со најдобар „имиџ“ за 2017 година

Германија га премести САД како земја со најдобар “имиџ на брендот”, според новото истражување меѓу 50 земји, соопштува “Дојче веле”.
Студијата Nation Brands Index (НБИ) спроведена од германската фирма за маркетинг истражување GfK и британскиот политички консултант Симон Анолт, го мери јавното мислење во светот по “силата и квалитетот на имиџот на секоја земја”.

Германија се искачи прво, а САД паднаа од врвот до 6-то место.

Погледнете кој е во Топ 10:

10. Шведска
9. Австралија
8. Швајцарија
7. Италија
6. САД
5. Јапонија
4. Канада
3. Велика Британија
2. Франција
1. Германија

Истражувањето ја пресметува силата на брендот на секоја држава во шест категории: нејзиниот народ, управување, извоз, туризам, инвестиции и имиграција, култура и наследство.

Во пет од шесте категории, Германија е на прво место, само во туризмот е рангирана на 10-тото место во светот.

Франција се искачи на три места откако беше на петтото место во 2016 година, благодарение на подобрите резултати во управувањето и инвестирањето и имиграцијата. Тоа е број еден во културата.

Велика Британија останува стабилна на трето место, покрај стравувањата дека излегувањето на земјата од Европската унија (ЕУ) ќе им наштети на меѓународниот имиџ на земјата.

Видете следно

turistimk

Бројот на туристите е зголемен за 12.1%, а бројот на ноќевањата за 6.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2017 година изнесува …