Во моментов се одлучува дали да се влезе во новото владино мнозинство или да се поддржи малцинска влада, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.
Според него малцинска влада не е сценарио за нови брзи избори, туку е пракса со која многу европски земји функционираат без никаков проблем.
Османи не кажа какво е расположението во партијата, туку кажа дека во понеделник ќе се знае конечната одлука на ДУИ.