ДУИ синоќа ги даде потписите: Заев е новиот мандатар на новата Влада


ДУИ на Али Ахмети по долги договарања внатре во партијата, вечерва одлучи да ги даде 10-те потписи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со што Владата во формирање предводена од СДСМ сега има мнозинство од 67 пратеници.

Сега следниот чекор е на претседателот Ѓорге Иванов кој треба веднаш да му го даде мандатот на Зоран Заев, пишуваат од sky.mk.

Оваа информација вечерва ја потврди портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој рече дека претседателството на партијата решило да му седадат потписи на СДСМ, со цел да се запази рокот за локалните избори.

Сепак ова се уште не значи дека ДУИ ќе биде во владата или пак ќе делува опозициски, но ќе ја поддржи владата на Заев.

„Решивме да му ги дадеме потписите на СДСМ, но тоа не значи дека даваме согласност за формирање влада. Ги даваме потписите за да се запазат роковите за локалните избори, бидејќи нивното одложување не е во интерес на граѓаните на Македонија. Во игра остануваат сите опции. Дискутиравме и за опцијата да останеме во опозиција или да дадеме поддршка за малцинска влада, бидејќи не е во наш интерес да учествуваме во владата по секоја цена. Има различни мислења, ќе продолжиме со состаноците“, рече вечерва Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во своето последно обраќање рече дека нова Влада ќе биде формирана во следните десет до петнаесет дена.


Видете следно

ОЕЦД бара нов економски концепт за постпандемискиот период

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги повика владите да осмислат нов концепт за …