13/12/2017
Професор Ендрју Вахтел - претседател на меѓународното жири

Две награди за најдобра книга за 2015 и 2016 година

На свеченото доделување на меѓународната награда Балканика се доделија две награди за најдобра книга за 2015 и 2016 година.

Македонски номинации во трката за наградата Балканика романот „Невидливи љубови” на Владимир Јанковски за 2015 година, и романот „Но-Уи” на Лидија Димковска за 2016 година.

По интензивната работа, поделена во повеќе работни сесии во тек на викендов, меѓународната жири комисија, во состав седум книжевни критичари од секоја од државите-членки на Балканика, на чело со претседателот на жирито – проф. Ендрју Вахтел од САД, ги донесоа одлуките за победници во конкуренцијата од седум книги, за секоја година поединечно:

-Книжевната награда Балканика 2015 се додели на книгата „ИГРАТА, ПАДОТ ОД НЕБОТО” од авторот Башким Шеху од Албанија;

-Книжевната награда Балканика 2016 се додели на книгата „ЦРН ХУМОР” од авторот Мурат Озјашар од Турција. Треба да се напомене дека во најтесен избор за наградата за 2016 година беше и нашата претставничка Лидија Димковска со романот „НО-УИ”

На настанот се обратија: Николај Стојанов, претседател на Фондацијата Балканика, Заменик министерот за култура на РМ г. Владимир Лазовски, и Горјан Лазаревски, претставник од ИК Магор од Скопје, член на Фондацијата Балканика, по што претседателот на меѓународното жири проф. Ендрју Вахтел од САД, ги соопшти добитниците на наградите.

Претседателот на меѓународното жири, професерот Ендрју Вахтел изјави:

Видете следно

teatar

Колку изнесува просечниот број на посетителите на една претстава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2016/2017 година, вкупниот број на прикажани …