13/12/2017
Audi Formula E Team Presentation

Емоција наместо емисија: Audi се упатува кон иднината на мотоспортот со електрична енергија

Audi го претстави првиот автомобил со електричен погон на сите тркала во Нојбург. Audi e-tron FE04 ја отсликува трансформацијата на компанијата од класичен автомобилски производител во иновативен визионер на тркачката патека.

“По скоро 40 години успешно учество во мотоспортот на највисоко ниво, Audi сега станува првиот германски производител на автомобили кој се натпреварува во Формула Е, со цел да го тестира и унапреди развојот на нови технологии за производство”, вели Питер Мертенс, член на Одборот за менаџмент, Техничкиот развој, AUDI AG. “Следејќи ги quattro, TFSI, TDI, хибридниот погон и многуте други иновации, нашиот прв тркачки болид е предводник на нашата офанзива на производи во областа на електричните возила, кои ги надовестува  Audi e-tron во 2018 година”. На интернационалниот саем за моторни возила во Франкфурт, Audi објави дека ќе има повеќе од 20 електрифицирани модели во својот опсег дури и пред 2025 година, вклучувајќи Plug-in-hybrids и целосно електрични автомобили.

Во Формула Е, на тимовите и на производителите им е дозволено да го развиваат погонскиот мотор кој се состои од мотор, пренос, делови од суспензијата и соодветниот софтвер. Комбинацијата на моторот и менувачот е централен дел од Audi e-tron FE04. Инженерите првенствено се фокусираат на дизајнирање на погонски агрегат со поголема ефикасност. За пренос на моќноста на тркалата, тимот Audi Sport ABT Schaeffler ќе користи високо ефикасен менувач со само една брзина во сезоната 2017/2018.

“Заедно со нашиот технолошки партнер Schaeffler, развивме потполно нов мотор”, вели шефот на Audi Motorsport – Дитер Гас. “Можете веднаш да дојдете до овој заклучок при првиот поглед кон новото јаглеродно куќиште на погонскиот мотор. Автомобилот, исто така, звучи поинаку, бидејќи ние пронаоѓаме нови можности во технологијата. ” 

Видете следно

FORD_2017_Mustang_Watch_03

Стари Мустанг возила станаа елементи во луксузни часовници

Многу компоненти од старите Ford Mustang возила наместо во отпад завршуваат во рачно изработени уникатни …