13/12/2017
Endava 3

„Ендава“ продолжува да инвестира и да овозможува одлични можности за кариера во ИТ сферата во Македонија

Македонските ИТ експерти од компанијата „Ендава“ се горди на бројни успешни проекти преку соработката со повеќе од 70 клиенти од целиот свет. Британската компанија оваа година прославува повеќе од три години од отворањето на канцеларии во Скопје, а ќе продолжи и понатаму да придонесува во развојот на ИТ заедницата.

„Ендава“ во Македонија започнува во јануари 2014, и една година подоцна компанијата се сели во сегашните канцеларии близу влезот на Старата чаршија во Скопје. Кога нашата земја била разгледувана како опција за „Ендава“, менаџерскиот тим внимавал на многу аспекти вклучувајќи ја стручноста на нашите ИТ кадри, бројот на дипломци, квалитетот на образовниот систем и отвореноста на државата кон привлекување на нов бизнис. Во моментов, тимот во Македонија брои над 180 вработени, а целта е да се достигне бројката од 400 како дел од долгорочниот план за развој.

 – „Ендава“ во 2015 се пресели во нашите сегашни канцеларии, каде имаме капацитет за 400 вработени. Особено горди сме на тоа што инвестираме во подобри услови за нашите вработени, но и во најнови технологии и платформи за работа со што одржуваме чекор со најновите трендови во ИТ индустријата. Искусни ИТ експерти и дипломирани студенти имаат можност за одлична кариера и постојан личен развој како дел од „Ендава“. Нашиот фокус кон долгорочен кариерен развој, работа во интернационална средина, диретна соработка со клиенти и колеги во различни земји им овозможува на нашите вработени да стекнат и споделат знаење, но и можност да имаат клучен придонес во финалните решенија кои се доставуваат до нашите клиенти изјави Реми Саву, менаџер на „Ендава“ во Македонија, истакнувајќи ја улогата на „Ендава” Скопје во групата и пошироко.

Видете следно

PTX1

Започна работилницата PeaceTech Exchange: Macedonia

Денес во Скопје започна тридневната работилница PeaceTech Exchange: Macedonia на која присуствуваат над 30 организации …