24/09/2017
zaev112

Еве што најави Заев за локалните избори

Попладнево се одржа седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во проширен состав.

Членовите на Централниот одбор и претседателите на Општинските организации на партијата дискутираа за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на спроведување реформи во државата во интерес на граѓаните и донесоа неколку одлуки во пресрет на локалните избори.

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, во обраќањето пред членовите на ЦО потврди дека партијата е целосно подготвена за убедлива победа на претстојните локални избори.

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е фаворит на локалните избори. Граѓаните ги препознаа новите политики, новите вредности, кои носат повисок животен стандард, повеќе пари кај граѓаните, професионални и независни институции. Со победата на СДСМ на локалните избори, почнатиот процес на реформи ќе продолжи и на локално ниво. Општините ќе работат за граѓаните. Решавањето на нивните проблеми на локално ниво ќе станат реалност. Македонија ќе оди напред како едно општество за сите„ потенцираше Заев.

На денешната седница Централниот одбор ја потврди позицијата дека СДСМ останува отворена за можен коалиционен настапна локалните избори со други политички партии врз основа на принципи и вредности коишто ги штитат граѓанските и државните интереси. Со оваа одлука на Централниот одбор се отвора простор за политички разговори, врз принципиелни основи, за можна соработка на СДСМ со други партии на локалните избори.

На почеток на седницата, за претседавач со Централниот одбор беше избран Пеце Мирчески.

Во контекст на претстојните локални избори Централниот Одбор на СДСМ го избра Миле Зечевиќ за Шеф на Изборниот штаб, кој беше реизбран и како Организационен секретар на партијата.

Дејан Павлески, членовите на ЦО го избраа за претседател на Комисијата за изработка на програмата за локалните избори.

Централниот одбор оцени дека досегашната работа на Владата на Република Македонија дава видливи резултати. Наследените проблеми од минатата власт се решаваат етапно, Македонија постигнува успеси на меѓународен план, се спроведуваат мерките коишто ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните, ќе ја покачат минималната плата, ќе обезбедат поголема транспарентност и отчетност на власта и ќе обезбедат напредок на државата, во интерес на сите граѓани.

Видете следно

6 ден ЕНМ (1)

Шести ден од Европската недела на мобилност 2017

„Споделување автомобил во Скопје – фикција или реалност?“ беше темата на воведната дискусија од младинската мобилна конференција …