23/08/2017
kocijancic

Европската Комисија му испрати порака на Иванов: претседателот итно да го преиспита својот став

Европската Комисија вчера повторно повика да се почитуваат резултатите од изборите и претседателот Ѓорге Иванов да ја ревидира својата одлука.

– Како што ЕУ и претходно соопштуваше, резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, да се стави крај на сегашната несигурност и владата мора да се оформи без натамошно одложување врз база на парламентарното мнозинство кое што е формирано – изјави за „Мета“, портпаролката на Европската Комисија Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашањето „дали ЕУ планира некакви мерки за деблокрање на кризата и дали е можно доаѓање на нови високи претставници на ЕУ во Македонија“.

Таа потсети на претходните изјави на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан и Европскиот парламент, кои по повеќе наврати побараа Иванов повторно да ја разгледа одлуката.

– Го охрабруваме претседателот итно да го преиспита својот став. Сега очекуваме сите политички лидери и институциите да дозволат демократските процеси да го продолжат својот тек. Тоа вклучува избор на спикер на Собранието, без натамошно одложување – рече Коцијанчич.

Извор: Мета

Видете следно

ilon

Илон Муск: Самостојните автомобили ќе доминираат од 2040г.

Извршниот директор на Tesla Inc. бил гостин на World Government Summit во Дубаи, каде зборувал …