13/12/2017
stip

Фабрика во Штип: Затруени 23 работници

Од фабрика во Штип попладнево 23 работници биле пренесени во болницата во градот кога кај нив се појавиле знаци на труење. По укажаната помош, биле испратени на домашно лекување, само еден работник бил задржан за понатамошна опсервација. По труењето, на терен излегле инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

– Затворивме две трпезарии каде што се јадело и мензата каде што се подготвувала храната што се носела во канистри. Државниот санитарен и здравствен инспекторат зеде брисеви и мостри од храната и од сите површини во трпезариите и мензата – изјави директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова, за „А1он“.

Видете следно

Always_On_5_800x1200

Новите возила на Volkswagen, Polo и T-Roc, го достигнаа највисокиот рејтинг од 5 ѕвезди

Новите возила на Volkswagen, Polo и T-Roc, го достигнаа највисокиот рејтинг од 5 ѕвезди во …