17/10/2017
facebookad

Facebook лансираше нов рекламен формат

Facebook претстави нов рекламен формат, кој ќе им помогне на трговците да ги нудат своите производи. Слично на формата Canvas, новите колекции се создадени специјално за корисниците од социјалната мрежа, кои ги користат услугите на Facebook преку мобилните уреди.

Според социјалната мрежа новиот инструмент ќе помогне за изградба на подобар механизам за шопинг, кој ќе им помогне на маркетинг специјалистите да ги промовираат подобро производите во мобилна средина.

Збирките се развиени со идејата да понудат лесно подесување и оптимизација за трговците, а Facebook ќе избира кои производи да ги претстави на публиката.

Штом видеото или фотографиите се покажат на ѕидот на корисниците, Facebook ќе овозможува отворање на рекламата која содржи каталог до 50 различни артикли. При изборот на одреден производ, социјалната мрежа ќе ги пренасочува корисниците кон веб страната на компаниите кои се рекламираат.

Покрај новиот формат за реклами, Facebook претстави и нова можност за мерење на резултатите. Освен информациите дека некој ја посетил содржината на рекламата, социјалната мрежа ќе нуди и повеќе податоци за тоа колку лица се одлучиле да ја отворат страницата на рекламодателите, на која да и купат производ. Новите функции за анализа ќе бидат достапни и за огласувачите во Instagram.

Видете следно

Р14-фото 1

Рептил го проширува својот ланец маркети

Рептил маркети е компанија со традиција од 21 година, компанија која е синоним за најдобра …