ferrari2

Ферари ќе прави електричнa суперкола

Ферари планира да изгради суперкола на батерија за да се натпреварува со Tesla Inc. во високиот сегмент на пазарот на електрични автомобили. Ова го изјави извршниот директор на компанијата Серџо Маркионе за време на автомобилскиот саем во Детроит, соопшти Блумберг.

Производителот на тркачки автомобили, дел од Fiat Chrysler Automobiles NV, ја проширува својата гама, за да се зголеми продажбата, без да губи ексклузивитет поврзан со италијанскиот дизајн и супер брзиот родстер.

Маркионе, кој ги предводи и двете компании, изјави за новинарите на автомобилскиот саем во Детроит, дека Ferrari ќе го претстави својот прв SUV, кој ќе биде “најбрзиот на пазарот” до крајот на 2019 или 2020 година.

Електричниот спортски суперавтомобил Ferrari ќе му овозможи на Маркионе да ја “украде” продажбата и вниманието од Илон Муск, чии модели Tesla Roadster и Model S го одредуваат луксузниот пазар на електрични автомобили со години пред конкурентите.

Видете следно

28161907_1550041601780765_363341285821953775_o

Општина Карпош ќе започне да го спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing

Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе започне да се спроведува …