23/11/2017
Otvoranje CInedeys 2017 (3)

ГОДИНЕШНИОТ КАНСКИ ФИЛМСКИ ПОБЕДНИК ЗА ПОЧЕТОК НА „СИНЕДЕЈС 2017“

Вчеравечер /09.11.2017 година, четврток/ во Градското кино „Милениум“, со проекцијата на годинешниот победник на Канскиот филмски фестивал, филмот „Квадратот“ во режија на Рубен Остлунд, почна 16-то издание на Фестивалот на европски филм „СИНЕДЕЈС 2017“, а Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Ми претставува задоволство што вечерва сум овде со Вас, на почетокот на  16-то по ред издание на МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ – СИНЕДЕЈС, под мотото „…СКОПСКА ЛИНИЈА-ЕВРОПСКА ВОЖЊА…“. Синедејс  од година во година прераснува во престижен фестивал кој со нетрпение го очекувате и Вие, неговата верна публика. Разбрав дека годинава во Џебното кино на МКЦ ќе има целодневен филмски маратон со проекции во десет различни тематски содржини. Со особено задоволство ја најавувам и долгочекуваната македонска премиера на филмот „Исцелител” на нашиот режисер Ѓорче Ставрески, со којшто ќе биде затворено патувањето коешто го нуди СИНЕДЕЈС 2017. Оттука, драги пријатели, љубители на филмската уметност, филмски работници, режисери, актери од  целава нашава земја и драги, ценети гости, Ви пожелувам да уживате во филмската магија што ја нуди овој фестивал  на скопската станица, кој со својата програма  секоја година ќе го  збогатува и подигнува на повисоко ниво културниот живот во нашето Скопје. Се надевам дека ќе уживате во деновите исполнети со филм и музика – изјави градоначалникот Шилегов. 

Видете следно

astonmartin1

Се продава автомобилот Астон Мартин на Пол Макартни

Астон Мартин DB5 1964, во сопственост на музичарот Битлс Пол Макартни, ќе биде понуден на …