23/08/2017
google

Google се проширува во Африка

Google ќе се прошири во Африка. Ова го соопшти извршниот директор на компанијата Сундар Пичаj по посетата на Нигерија. Во следните неколку години компанијата сака да обучи 10 милиони aфриканци да користат компјутерски уреди.

Освен тоа Alphabet ќе го зголеми финансирањето за африкански стартап компании, обезбедувајќи 20 милиони долари субвенции за невладините организации. Alphabet сака да предложи и модифицирани верзии на своите услуги за регионот како YouTube за Африка, кој ќе емитува видео со помал обем, за да го намали Интернет сообраќајот и трошоците.

Идејата на компанијата да обучи 10 милиони лица е дел од иницијативата “Дигитални вештини за Африка”, која беше претставена во април 2016. Програмата нуди курсеви во живо и на интернет за поединци и бизнис корисници во 27 од африканските земји . Секој може да се регистрира бесплатно и да избере индивидуален тренинг план за развој на бизнисот, развој на кариерата или основни вештини за користење на Интернет.

Видете следно

zaev112

Еве што најави Заев за локалните избори

Попладнево се одржа седница на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во проширен состав. …