Градоначалникот Петре Шилегов денеска ги презентираше најзначајните проекти на коишто ќе работи Градот Скопје во 2018 година


Градоначалникот Петре Шилегов денеска ги презентираше најзначајните проекти на коишто ќе работи Градот Скопје во 2018 година, а се предвидени во Буџетот на градот за наредната година.

  • За наредната 2018 година, вкупниот буџет на Град Скопје е проценет на 6,2 милијарди денари, односно е за 10% помал од буџетот за 2017 година. Ова се должи на фактот дека се скратени сите непродуктивни трошоци, а истиот се заснова врз реални приходи и расходи. Буџетските средства ќе се користат строго наменски, транспарентно, домаќински и одговорно, преку редовно известување за сработеното. Скопје со новиот буџет започнува да се трансформира, ќе бидете горди што ќе бидете дел од новата приказна. Продолжуваме со проекти што се за доброто на граѓаните. Истовремено ќе почнеме и со нови проекти – за животната средина, за подобрување на условите за велосипедистите и пешаците, регистер за кучињата, подобрување на хигиената во градот, јавниот превоз и многу други – рече денеска Шилегов.

Тој објасни дека Буџетот за 2018 година е сублимат од веќе започнатите проекти и од нови, поинакви проекти што ќе значат здрава животна средина, подобри сервисни услуги за граѓаните, подобри услови за велосипедистите и пешаците, решавање на повеќегодишниот наталожен проблем со кучињата скитници, проекти во коишто граѓаните и нивните интереси ќе бидат приоритет на Град Скопје.

  • Акцентот го ставаме на подобрување на животната средина, на развивањето на транспортната мрежа, дел за патната и комуналната инфрастуктура, изградба на системи за водоснабдување, односно за инвестиции што ќе придонесат индиректно и подобар економски раст и развој на нашиот град. Коалицијата О2 не обврза со тоа дека буџетот за заштита на животна средина и природа не смее да биде под 3,5% од вкупниот буџет и да не биде под 3% за капитални расходи во истата категорија и со 90-100% оствареност. Тоа го надминуваме и проектираме капитални проекти во делот за животната средина на дури 4,2% од основниот буџет на Град Скопје – нагласи Шилегов. 

Шилегов најави дека за наредната година, се предвидуваат 30 милиони денари за велосипедски патеки, односно тројно повеќе средства од буџетот за 2017.


Видете следно

Се огласи МЗШВ: Престанок на работен однос и дисциплинска постапка за државниот секретар Цветaн Трипуновски

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро реагира на денешната прес конференција на Генералниот секретар …