Грција, Кипар, Израел и Италија го градат најдолгиот подводен нафтовод во светот


„Меморандум за разбирање“ за изградба на најдолгиот подводен гасовод во светот ќе биде потпишан од страна на министрите за енергетика на Израел, Кипар, Грција, Италија и Европската унија.

Меморандумот за разбирање, кој ќе биде потпишан во Никозија, Кипар, се однесува на развојот на гасовод за пренос на природен гас од израелски и кипарски резерви во Источниот Медитеран кон Европа.

Над 2 000 километри должина ќе чини над 6 милијарди долари, а ќе биде именуван гасоводот “Исток-Мед” Се очекува тој да биде меѓу најдолгите во светот.

Државите исто така имаат во план да пуштат и кабел со електрична енергија од 2000 мегавати, кој ќе биде поврзан со нафтоводот EuroAsia и ќе ги поврзува електричните мрежи на четирите земји. Грчката страна, исто така, нуди додавање на оптички кабли за проектот.

Видете следно

Уште 5 дена трае јавниот оглас за давање под закуп на државното земјоделско земјиште на поранешниот агрокомбинат Џумајлија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги известува сите заинтересирани, дека Јавниот оглас за давање …