Huawei и Baidu потпишаа стратешки договор да ја водат новата ера на мобилната Вештачка Интелигенција (AI)


Huawei и Baidu објавија договор за стратешка соработка, кој се базира на платформи и технологија за вештачка интелигенција (AI), на интернет услуги и содржински (контент) екосистеми. Двете компании имаат за цел да развијат отворен мобилен и AI екосистем, изграден на заеднички успех, истовремено поттикнувајќи го развојот на нови апликации за AI и обезбедување на AI на глобалните потрошувачи која “ве познава подобро”.

“Иднината е за паметни уреди кои активно ќе ни служат, а не само да одговорат на она што им го кажуваме да го направат”, изјави Ричард Ју, извршен директор на Consumer Business Group од Huawei. “Со силно искуство во истражување и развој (R&D), Huawei ќе работи со Baidu за да ги забрза иновациите во индустријата, да ја развие новата генерација на паметни телефони и да им обезбеди на глобалните потрошувачи AI која ги познава подобро”.

“Не треба да се изненадувате дека Baidu и Huawei работат заедно, бидејќи имаме многу сличности – технологијата е вградена во нашата ДНК и ние развивме сопствени технологии за да растеме”, рече Робин Ли, претседател и извршен директор на Baidu.


Видете следно

Државата ќе поддржува брзорастечки иновативни бизниси

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и …