23/08/2017
P10 group back_black gold silver_flat camera chassis

Huawei P10 од денес во продажба на македонскиот пазар

Предводникот на Huawei за 2017 година може да биде најден во продавниците на мобилните оператори, како и во големите трговски синџири за техника

Скопје, 20 април 2017 г. – Топ моделот на Huawei за 2017 година, P10 официјално започна со продажбa на македонскиот пазар. Уредот дебитира денеска во продажната мрежа на мобилниот оператор Македонски Телеком и во синџирот продавници Neptun, а од почетокот на месец мај и кај мобилниот оператор ВИП и во малопродажниот синџир продавници на СЕТЕК. Во почетокот моделот ќе се нуди кај нас во 2 бои – Mystic Silver (мистично сребрена) и Graphite Black (графит црна).

P10 е усовршен од страна на Huawei со исклучителни технички и уметнички способности, кои го продолжуваат развојот на квалитетот на мобилната фотографија втора година по ред, наметнат од исклучителенниот минатогодишнен модел P9. Новата двојна главна камера од Leica вградена во P10 (20 мегапиксели монохроматски сензор и 12 мегапиксели RGB сензор), како и предната 8 мегапикселна Leica камера за селфи слики, даваат нова димензија на портрет фотографиите направени со смартфон. P10 поседува и други параметри кои го рангираат меѓу топ моделите на смартфони од висока класа за оваа година – прецизна 3D технологија за детектирање на лице, 5,1-инчен стаклен дисплеј Corning Gorilla 5, сензор за отпечатоци во предниот дел на телефонот, најмоќниот процесор Kirin 960 со најновата верзија EMUI 5.1., голема 3,200 mAh батерија која поддржува SuperCharge технологијата за супер брзо полнење.

Huawei започна и своја нова регионална рекламна кампања за P10 со слоганот „Совршен во секоја рамка“ и хаштаг #Perfect10. Во ТВ спотови за кампањата, Huawei ги претстави импресивните портрет карактеристики на телефонот. Сите статични кадри во видеото се снимени со Huawei P10. Креативниот концепт на видеото се базира на емоциите кои секое лице ги изразува во секој момент и приказната која може да се раскаже во една портрет рамка. Во видеото се претставени лица и приказни на поединици, како и популарни личности од различни земји. Видеото се емитува во над 20 држави од Европа и скандинавскиот регион, а во Македонија од денес ќе се врти на дигиталните канали.
„Среќни сме што имаме можност да го претставиме топ моделот Huawei P10 на македонскиот пазар. Убедени сме дека технолошките параметри, дизајнот и највозбудливите можности за портрет фотографија на P10 во партнерство со легендарната Leica, ќе ги заинтригираат македонските корисници и моделот ќе биде меѓу најпродаваните за оваа година“ – сподели Георги Колев, комерцијален директор, сектор „Кориснички уреди“ за Huawei Бугарија и Македонија.

Видете следно

gradskopje

ГРАД СКОПЈЕ ОБЕЗБЕДИ УСЛОВИ ЗА БЕСПЛАТНО ИСТАКНУВАЊЕ НА ИЗБОРНИ ПЛАКАТИ

Согласно законската обврска и Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување …