ИАЕСТЕ Македонија домаќин на 32-от интернационален Семинар за развој – СИД (Strategic IAESTE Development)


Над 60 странски делегати, претставници на студентските ИАЕСТЕ комитети, присуствуваа на 32-от интернационален Семинар за развој – СИД (Strategic IAESTE Development)  чиишто домаќин оваа година е ИАЕСТЕ Македонија – меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети, која во Македонија постои 24 години.  Странските делегати како претставници од сите земји членки на ИАЕСТЕ се луѓе познати по својата професионална успешност, како и студенти на почетокот на својата академска кариера. Поголемиот број делегати  се од земјите од Европа, како Германија, Швајцарија, Велика Британија, Ирска, но пријавени се и делегати од подалечните земји како САД, Таџикистан, Индија, Палестина.

DSC_3104Овогодинешниот семинар за развој СИД подготви предлози за надзорниот одбор и за Генералната Конференција кои се однесуваат за развојот на ИАЕСТЕ. За постигнување на целта, учесниците на семинарот споделуваат нови и иновативни идеи кои се оформуваат на работни групи поделени во 5 категории: размена на пракси, ИТ платформа за размена, маркетинг, стратешки развој и водич за работење со практикант.

Овој семинар придонесува за развој на разменската програма со што се овозможува стручно и професионално дообразување на студентите. За време за извршувањето на практичната работа во странство, македонските студенти се запознаваат со нови методи и алатки кои ги користат во работењето, со што се подобрува функционирањето на бизнис секторот.  Придобивка за компаниите кои соработуваат со ИАЕСТЕ е пристапот и контактот со потенцијалните соработници и вработени.

Со овој настан, меѓудругото, се промовира Република Македонија на светско ниво со пост-конференциска тура на која учесниците се запознаваат со традицијата и културата на земјава. Настанот на ИАЕСТЕ започна вчеравечер и ќе трае до 7-ми мај 2017 (недела).

Видете следно

Новиот Opel Combo прогласен за Меѓународниот ван на годината 2019

Новиот Opel Combo Cargo е меѓународен ван на годината за 2019 (IVOTY), најпосакуваната титула во …