„Инбох“ ви ја покажува иднината


Транспарентноста на компаниите е најголемото очекување од корисниците во денешно време. Токму затоа со цел да покаже уште поголема отвореност и да ги приближи своите услуги до корисниците компанијата „Инбох“ креираше иновативна веб страна http://www.inbox.com.mk/, каде секој посетител преку виртуелна тура може да се запознае со иднината на модерното административно работење.

Виртуелна тура, Физичкa архивa, Е-Архива, Архивски сеф, Дигитализација се сегментите на новата веб страна на „Инбох“, преку кои на иновативен начин можеме да се запознаеме со “безхартиената„ канцеларија и да ја искусиме вредноста на “виртуелните полици„.

Да се запознаеме со „Инбох“ иновативниот систем за архивирање кој обезбедува брза и лесна достапност на информациите, целосна контрола над документацијата овозможувајќи им на компаниите да ја подобрат својата организациска ефикасност. http://www.inbox.com.mk/Virtual-Tour 

Станува збор за успешна бизнис иновација на македонскиот пазар, која е спој на добро познати технолошки достигнувања во нов бизнис модел, што интегрира 3 технологии. „Инбох“ не е 100% физичка архива ниту е 100% дигитална архива, а употребените технологии дозволуваат по потреба на клиентот да се претвори во едно или друго, што е неговата уникатност.

Видете следно

Џенифер Лоренс е лицето на новиот DIOR женски парфем

Џенифер Лоренс е лицето на новиот DIOR женски парфем.. Новата прекрасна креација од Dior која …