13/12/2017
Volvo 1

ИНОВАТИВНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА VOLVO XC 60

Сите љубители на скандинавскиот премиум автомобилски бренд Volvo, имаа можност да го искусат и подобро да се запознаат со втората генерација на најпродаваното СУВ во Европа, сигурното, инспиративното и исклучително безбедното возило новото Volvo XC60.

На тест возењето, кое се одржа пред кафе бар „Круг“, на граѓаните за возење им беа достапни четири луксузни опремени примероци возила Volvo XC60.

„Целта на Volvo Адриа групацијата (Volvo Car Adria Group) е граѓаните, од прва рака, да ги почуствуваат безбедноста, технологијата и луксузот кои ги нуди овој најпрогресивен автомобилски бренд во светот. Затоа, одлучивме да организираме тест возење на отворен простор каде што секој уживаше во можностите кои го олицетворуваат брендот Volvo“, изјавиja претставниците на VCAG.

Првиот човек на Ми-Да Гранд Моторс, Дритон Заири, повторно изјави дека сé што се прави во Volvo започнува со луѓето.

„Безбедноста, сигурноста и грижата за околината се вткаени во овој бренд. Оваа втора генерација е израз на она за што се залагаме „Иднината на безбедноста. Volvo XC60 е создаден е со идејата да ги заштити сите патници во него, но и сите во непосредна близина“, потенцираше Заири.

 

Видете следно

PTX1

Започна работилницата PeaceTech Exchange: Macedonia

Денес во Скопје започна тридневната работилница PeaceTech Exchange: Macedonia на која присуствуваат над 30 организации …