17/10/2017
Iko1

Интервју со Ико Брдаровски – менаџер за грижа на корисници во Пакомак

  1. Со какви предизвици се соочувате кога е во прашање селектирањето на амбалажниот отпад во Македонија. Дали одговорните институтции кај нас имаат дослух за промовирање на современите методи на селектирање и рециклирање на отпадот?

Пaкомак како компанија членува во две европски здруженија EXPRA и PRO Europe кои што ги обединуваат сите компании како Пакомак на европско ниво, односно по една најдобра компанија од секоја земја. Таму разменуваме разни искуства и практики околу современите методи за селектирање и рециклирање на отпадот. Сето тоа знаење и искуство се обидуваме кај нас да го имплементираме. Секако не оди баш најлесно бидејки директно соработуваме со Јавните Комунални Претпријатија кои што се многу тешки на промени во работењето но, максимално се трудиме. Најголем предизвик во последниве години ни е решавањето на статусот на неформалните собирачи, што е социјален проблем, а за чие решение треба да се инволвираат и надлежните министерства. Неформалните собирачи ни ја оштетуваат опремата која што ја поставуваме и го нарушуваат целиот систем на селектирање. Тоа не можеме самите да го решиме, но ние сме спремни за соработка и сакаме тие лица да се формализираат и како сите останати да имаат сигурна работа и здравствено осигурување.Iko

Од друга страна предизвик за сите нас и како држава е да го продолжиме векот на депониите со рециклирањето на отпадот што завршува во нив.

 

  1. Направен е голем чекор во однос на тоа каде бевме пред 10 години и каде сме сега. Свесноста и одговорноста на граѓаните се чини како најклучна во процесот на еколошко освестување. Која е вашата лична и професионална процена за еколошката свесност на едно просечно македонско семејство.

Според последните истражувања што ги правевме свесноста за селектирањето и рециклирањето и бенефитите од сето тоа кај нашиот народ е на виско ниво само треба да им овозможиме  да има што повеќе услови за тоа, односно контејнери за селективно собирање на отпадот, кои како што реков постојано се оштетуваат.

 

  1. Колкав процент од вкупниот отпад успевате да селектирате на годишно ниво? За да добиеме поконкретна претстава што точно во волуме означуваат бројките на селектираниот отпад, ве молам направете ни визуелна споредба кога би го собрале на едно место…колкав простор тоа ќе зафати.

Од евидентираниот отпад од пакување преку системот на Пакомак рецикиравме над 40% што од вкупниот отпад генериран на ниво на држава изнесува околу 19%. Во бројки за последнава година тоа изнесува 18700 тони пластика, хартија, стакло, лименки и др. Од почетокот на нашето работење имаме собрано вкупно 68900 тони што сликовито би изгледало околу 3500 камиони (шлепери од најголемите) отпад.

 

  1. Доколку би се споредиле со земјите од соседството каква е состојбата кај нас во поглед на самостојната еколошка одговорност кај граѓаните и бројките на крајот од година за количеството на селектиран отпад?

Во поглед на свесноста и процентот на рециклиран отпад по глава на жител не заостануваме зад нашите соседни земји. Најважно за нас во моментов е законот за отпад од пакување да се почитува, имплементира и практикува во целост. Со тоа во нашата држава за многу краток период за голем дел од населението може да се создадат услови за селектирање на отпадот.

ekosoveti 2

  1. Претпоставувам не случајно имате одлична соработка со училиштата во Македонија. Децата се тие кои лесно и брзо ги усвојуваат новите навики. Пораката до нив полесно се испраќа доколку е таа спакувана во игра, па така за брзо време со голема популарност се стекна наградниот конкурс Треш фор арт, или пак акциите за селектирање на отпад во основните училишта…дали сметате дека подигнувањето на еколошката свест полесно оди доколку допрете до најмладите иако за домаќинствата возрасните се тие кои вообичаено ја сносат одговорноста?

Децата се нашите амбасадори и најдобрите едукатори на возрасните. Со нив соработката секогаш е двонасочна и тие се отврени за сите наши нови предлози како да ги поттикнат членовите на семејството да го собираат амбалажниот отпад. Изнаоѓаме начини да ги мотивираме и што е најважно на отпадот да на гледаат секогаш нешто од што треба побрзо да се ослободат…сакаме да ја смениме нивната перцепција и да ја сфатат филозофијата на секој отпад чиј живот не завршува во моментот кога ќе го фрлиме во корпата за отпадоци. Она што го оставаме зад нас живее свој втор живот и наша задача е да му помогнеме да си го најде вистинскиот пат и својата пренамена.

 

  1. Низ скопските улици се почесто се среќаваат контејнерите каде може да се одложи селектираниот отпад, но далеку од тоа дека го има во задоволителни количини. Дали луѓето ги применуваат правилно? Или пак ги третираат како и секој друг контејнер за отпад?

Контејнери нема доволно бидејќи законот за отпад од пакување не се почитува во целост што директно влијае на нашите можности за поставување на контејнери. Доколку контејнерите не се оштетуваат од страна на неформалните собирачи тие од страна на неселението секако дека во голема мерка ќе се применуваат правилно.

 

  1. Какви се вашите планови во однос на фрекфенцијата на контејнерите за селектирање на отпадот..дали можеме да ги замислиме градовите во иднина со доволен број на вакви контејнери кои ги задоволуваат потребите на сите домаќинства? Колку е ова релана слика?

Сè ова зависи од надлежните институции и целосното почитување на законот и соработката на општините и Јавните Комунални претпријатија. Ако наведениве работи се на задоволително ниво тогаш реално можеме да очекуваме доволен број контејнери.

Видете следно

stevce

Стевче Јакимовски заработи кривична пријава

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија и Коалицијата Сексуални и здравствени права на …