Интервју со John McEnroe – врвен тениски експерт и соработник на Еуроспорт


Што очекувате од Рафаел Надал во 2018?

John McEnroe: Очигледно тоа зависи од неговото здравје. Ако е во добра здравствена состојба би можел да победи, но ако не е тогаш е загрижувачки.  Јас не знам каков е неговиот статус сега, но тоа е круцијално за сите играчи – како се чувствуваат физички.

Дали може да се очекува Новак Ѓоковиќ да се искачи во топ три повторно?

John McEnroe: Да, ако е здрав очекувам да го видам во топ три за сигурно. Ги имате Роџер Федерер и Рафаел Надал, двајцата најдобри, Пит Сампрас е тука исто, Род Лавер беше мој идол, а Ѓоковиќ е следниот. Тоа што го направи за четири или пет години е фантастично. Се издигна на ниво на Рафаел и Надал.  На негова возраст, ако остане во добра здравствена состојба и доволно мотивиран, со сигурност би можел да освои уште еден Гранд Слем без сомнение. 

Со толку многу повреди помеѓу топ играчите, дали нова генерација играчи доаѓаат или Роџер Федерер ќе доминира сеуште?

John McEnroe: Тешко е да се поверува дека Роџер Федерер може да продолжи да игра на ова ниво со неговата  возраст, но тој направи нешто- веројатно најневеројатното нешто што сум го видел во тенис последните 30 или 40 години, а тоа е освојувањето на Австралија минатата година.

Ако Роџер Федерер остане фит, дали ќе може да го пролонгира неговиот успех?

John McEnroe: Кога си сам на теренот, не е како фудбал каде може да одмориш или некој да те замени. Тешко е да се замисли дека би можел да ја повтори минатата година, но ако некој може да го  направи тоа, тогаш тоа е Федерер.

Дали Каролина Возњацки е блиску до освојувањето на гренд-слем?

Видете следно

Еве кои се добитниците кои ЛУКОИЛ Македонија ќе ги испрати на светското првенство во фудбал во Москва

На само неколку дена од почетокот на најголемиот и најважниот спортски настан кој ќе ја …