13/12/2017
solar1

Интервју со Полад Емин, CCC: соларните панели се штедливи, а инвестицијата се враќа за 4 до 5 години

Connecta Construction Consulting е млада фирма основана во мај 2008 година во Скопје. Меѓутоа вработените во фирмата, од кои поголемиот дел се инженери се со долгогодишно искуство од областа со која се занимаваат. Фирмата е формирана со цел, да ги нуди своите услуги од областа на градежништвото и градежното инженерство. Покрај основните дејности од оваа област, како изработка на проектна документација, ревизија на проектна документација, водење на проектански, инвеститорски или стручен надзор, консултантски услуги и др, оваа година ги прави своите први чекори кон искористување на сончева енергија.

Како работат соларните панелеи Solar Venti?

Системот не е поврзан на електрична мрежа и работи самостојно. Добива енергија преку соларна келија.

Сончевите зраци го загреваат воздухот во апсорберот и соларната ќелија произведува енергија за вградениот вентилатор кој го дува загреаниот воздух во куќата.

Свеж воздух од надвор се вовлекува низ перфорираната задна плоча и 2мм слој филц. Заради малата брзина на воздухот исклучително мала количина на прашина, полен и сл. се вовлекуваат во системот.

Кога системот е вклучен, протокот на воздух останува во панелот. Кога системот е исклучен, се лади самиот – и ако надвор има силно сонце. Топлината се зголемува во соларниот панел и излегува преку фелцот и задната плоча ( отворена конструкција).

Зависно од моделот, околу 35 до 200m3 сув, млак воздух се испушта во собата на секој час.

Температурата на воздухот кој се испушта е околу 15-40 ̊С над надворешната температура.

Колку типови на производи нудите на пазарот и по што сте препознатливи?

На пазарот ги нудиме сите 5 модели на Solarventi: SV3, SV7, SV14, SV20, SV30

solar2

http://www.ccc.com.mk/Katalogmk.pdf

Дали соларните панели се штедливи и колку може да се заштеди со нив?

SolarVenti панелите во зависност од условите и од моделот можат да заштедат енергија и до 30%, околу 2000kwh часови енергија годишно.

За колку време се враќа инвестицијата ?

Видете следно

turistimk

Бројот на туристите е зголемен за 12.1%, а бројот на ноќевањата за 6.4%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2017 година изнесува …