23/11/2017
gradeznistvo

Издадени 19.9% помалку одобренија за градење во однос на истиот месец од претходната година

Според податоците на Државниот завод за статистика во јули 2017 година се издадени 205 одобренија за градење, што е за 19.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 554 923 илјади денари, што е за 55.1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 124 (60.5%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (11.7%) за објекти од нискоградба и 57 (27.8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 205 објекти, на 134 (65.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 71 (34.6%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 210 станови, со вкупна корисна површина од 19 748 м2.

Видете следно

svetska banka

Програмата на Светска банка – Австрија за урбано партнерство ги поддржува општинските лидери во Југоисточна Европа

Претставници од локални и од централните власти од седум земји од Југоисточна Европа (ЈИЕ) денес …