23/06/2017
iphone6two

Како Sony заработува од секој продаден iPhone 6

Новиот iPhone 6 не носи пари само на креаторот Apple. Според Wall Street Journal дел од парите на секој продаден телефон од последниот модел оди и кај компанијата Sony.

Јапонскиот гигант е најголем производител во светот на сензори за слики за дигитални камери, и планира да остане таков со нови инвестиции во оваа година, од 375 милиони долари во нивното производство.

Планот на Sony е да заработува од нив, да ги вградува во уредите на конкурентните компании. Токму таков е случајот и со Apple и новиот iPhone 6. Според експертите секој паметен телефон содржи два сензори произведени од Јапонците.

А тоа носи по 20 долари на Sony од секој продаден iPhone.

 

Видете следно

odmor

Колку денови платен годишен одмор му следуваат на секој работник

Согласно Законот за работни односи, секој работник има право на платен годишен одмор од најмалку …