13/12/2017
katalonija

Каталонија – еден од економските мотори во Шпанија

Каталонија, која е активна во отцепувањето од Шпанија, е една од шпанските економски мотори, првиот регион во земјата по извоз, водечки во индустријата, истражување и туризам. Со 19% од шпанскиот бруто домашен производ (БДП) во 2016 година Каталонија има многу близок резултат со Мадрид (18,9%) во трката за титулата најбогат регион на земјата. Таа е на четврто место по БДП по глава на жител (28 600 евра наспроти 24 000 евра просек во Шпанија). Стапката на невработеност е многу пониска отколку во остатокот на земјата: 13,2% во вториот квартал на 2017 година во однос на 17,2% на национално ниво (13% во Мадрид).

Каталонија е неприкосновен лидер во извозот меѓу регионите на Шпанија со една четвртина од стоките кои биле пласирани во странство во 2016 година и во првиот квартал на 2017 година. Централите на голем број на големи компании се во Барселона: текстилната група Mango, третата шпанската банка CaixaBank, гасовиот гигант Gas Natural, групата Abertis (таа е сопственик на француските компании од секторот на управување на автопатите Sanef) или пак компанијата за парфеми Puig (сопственик на Nina Ricci, Пако Рабан и Жан-Пол Готтие).

Nissan и Volkswagen (преку својот бренд Seat), поседуваат фабрики за производство во Каталонија . Шпанија е вториот производител на автомобили во ЕУ по Германија. Регионот, исто така, има значителен логистички капацитет. Главна туристичка дестинација во Шпанија е Каталонија, со престолнината Барселона и плажите на Коста Брава, кои привлекуваат најмногу странски туристи.

Над 18 милиони луѓе ја посетиле Каталонија во 2016-та, а тоа е една четвртина од вкупниот број на странците, пречекани во земјата.

Пристаништето на Барселона е третото по големина во Шпанија за стоки по Алхесирас и Валенсија и едно од најважните во Европа за бродови.

 

Видете следно

svetska banka

Светска банка: На Западен Балкан му е потребен побрз раст за да го стигне растот на Европската Унија

Ќе бидат потребни шест децении за нивоата на приход во земјите од Западен Балкан да …